Трудница во 28. недела од бременоста го победила ракот на дојка и родила дете


За жал, се почесто се намалува старосната граница на жени кои заболуваат од оваа болест. Денес имаме пациентки на 30 години на кои им се дијагностицира кацнер, а уште не станале мајки – вели Биба Додева, претседателка на „Борка“.

На трудница во 28. недела од бременоста ѝ бил дијагностициран рак на дојката. Примала терапија за време на бременоста и таа в сабота заедно со своето бебе во Скопје е  дел од симболичната прошетка која ја организира Здружението за борба против рак „Борка“ – За секој нов ден чија цел е да се даде поддршка а болните од рак на дојка и на нивните семејства.Hitna-Pomoc-trudnica

Според информациите на Здружението „Борка“ – За секој нов ден најмладата пациентка на која ѝ бил дијагностициран рак на дојка има 18 години. Борбата со болеста била успешна и таа денес веќе е студентка која успешно чекори низ животот.

– За жал, се почесто се намалува старосната граница на жени кои заболуваат од оваа болест. Денес имаме пациентки на 30 години на кои им се дијагностицира кацнер, а уште не станале мајки – вели Биба Додева, претседателка на „Борка“.

Таа истакна дека со кампањата „Напред розово“ им даваат поддршка на сите кои се борат со рак на дојка и воедно ја подигаат свесноста за оваа болест во Македонија.

– Не смееме да ги отфрлиме нашите граѓани кои се борат со оваа тешка болест, бидејќи ракот на дојка може да биде излекуван. Сметам дека треба да и дадеме помош на секоја индивидуа, на секое семејство, затоа што нивната борба е и наша борба. Оваа кампања е продолжување на нашите активности кои заедно со Алијансата за пациентски организации јз почнавме со прогласувањето на Годината на ракот во Македонија со цел имплементирање на национален план за контрола на ракот и формирање на посебен фонд за достапност за современата терапија и третман во нашата земја со што би се намалила смртноста од малигните заболувања – рече Додева.

Ракот на дојка е најчестиот тип дијагностициран рак кај жените во светот. По смртноста овој карцином е на прво место во светот и во Македонија. Лани кај нас се откриени нови 1.200 слуачи на рак на дојка или дневно се откриваат по 3-4 нови случаи. Според бројот на смртни случаи од рак, Македонија е на третото место во Европа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1