Цар Душан ќе биде поправен – Србите во Македонија да не подлегнуваат на провокациите, апелира Стоилковиќ


„Штетата направена на споменикот ќе биде отстранета во најкус можен рок, а Цар Душан и понатаму ќе блеска на Мостот на цивилизациите, за ние, како лојални граѓани во нашата држава Македонија, да се чувствуваме како свои на своето“ вели Иван Стоилковиќ од демократската партија на србите во Македонија.

Тој им порачува на Србите да не подлегнуваат на никакви провокации.

stoiljkovic„Вчера и денеска, на Мостот на цивилизациите, каде што на единствен начин се претставени великаните на сите народи и заедници во Република Македонија, на дело се покажа суштината на разликите во цивилизациите, нашата и нивната. Ги повикувам припадниците на Српската заедница во Македонија спокојно да продолжат и понатаму во својата секојдневна комуникација со сите народи во Репубика Македонија, да се однесуваат мирно достоинствено и да не подлегнуваат на никакви провокации, согласно со културата и цивилизациското ниво на народот на кој му припаѓаат“, стои во соопшението.

Стоилковиќ, виновниците за случувањата ги лоцира во медиумите кои деновиве поставуваа прашања за јавноста да дознае кој го нарачал, платил и поставил споменикот, додека владините функционери ја прфрлуваа топката и одбиваа да дадат одговор.

„Првиот работен ден од идната недела, покрај остварување на работните средби со највисоките странски претставници во Република Македонија, ќе поднесам жалби до Советот за радиодифузија, Здружението на новинари на РМ и Македонската асоцијација на новинар, поради отворено повикување на омраза и ширење на меѓуетнички тензии од страна на АЛСАТ, Телма, Либертас, +Инфо и други кои што се дрзнаа да посегнат по соживотот на Република Македонија“, вели Стоилковиќ во соопштението.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1