Црна Гора: Претепани авторите на видео спот за геј популацијата во центарот на Подгорица


Навивачката група на фудбалскиот клуб „Будучност“ брутално го претепала режисерот на спотот „Ние сме дел од екипата“ на Данило Маруновиќ, глумецот во истиот тој спот, Тодор Вујошевиќ и неговиот пријател, новинарот Мирко Бошковиќ.

Најпрвин ги нападнале вербално, а потоа и физички се пресметале со нив.
Центарот за граѓанско образование на геј популацијата, соопштиле дека група навивачи за време на културната манифестација во Подгорица, ги тепале со тупаници и нозе и се заколнале и им се заканувале дека ќе ги убијат сите педери.
На присутните режисери, глумци и новинари им е укажана лекарска помош, а истите потоа биле пренесени во Ургентниот блок во Клиничкиот центар на Црна Гора.
LGBT форумот и прогрес и CGO најостро го осудуваат ваквиот напад и оценуваат дека станува збор за „насилство од омраза“, односно дека единствена кривица на жртвите е тоа што со нивната професионална работа се обиделе да им помогнат на развојот на културната толеранција.
„Насилството пренесува порака на несигурност на геј заедницата, но и на сите личности кои ги поддржуваат човековите права во Црна Гора и професионално се во контакт со неа“, се наведува во заедничкото соопштение на невладините организации.
Овие организации поднеле до надлежното обвинителство пријава против четири лица, под сомнение дека направиле крвично дело, „изложување на опасност, нанесување повреди, повреда на рамноправност и загрозување на сигурноста. Минатата година со промоција на спотот „Ние сме дел од екипата“, беше крената бурна реакција во црногорската јавност. Исто така и во ноќта на 7 и на 8 септември во центарот на градот Белград, беше претепан еден припадник на LGBT заедницата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1