Турски археолози најверојатно ги откриле „вистинските” мошти на Св. Николај Чудотворец


Турските археолози сметаат дека можеби ги откриле „вистинските мошти” на Николај Чудотворец во Анталија.

Непознат храм бил откриен за време на ископувањата во црквата Св. Никола во турски град Демир, каде што некогаш бил сместен античкиот град Мира во Ликија.

Според Џемил Карабајрам, шеф на локалниот институт за споменици и реставрација на археолошките локалитети, можно е токму во новооткриениот храм да се наоѓаат „вистинските мошти” на Св. Никола, наводно украдени и пренесени во Италија.

Карабајрам потсети дека за време на истражувањето во 90-тите од минатиот век, турски научник на тоа место открил миро, со кое се попрскуваат моштите на светците.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1