Турски возач почина во двор на скопска фирма


Вчера околу 15,00 часот во Скопје, на ул.„32“бб- во населбата Илинден, поточно во фирма лоцирана на истата улица дошол турскиот државјанин Џ.П. (1960) од Република Турција со товарно возило „МАН“ со турски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Република Турција, и откако ја истоварил робата на улицата, му се слошило и паднал во дворот од фирмата, при што починал.
Од страна на лекар од Итна медицинкса помош, констатирана е смрт без траги на насилство.

Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи-Скопје, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот со погребално возило е однесено во судска медицина за понатамошна постапка.
Од страна на увидна екипа возилото е дислоцирано и запечатено до доаѓање на претставник од фирмата од Република Турција во чија сопственост е камионот за преземање на истиот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1