ТВ Новинар од Сирија киднапиран и егзекутиран од Исламистите


Сирискиот телевизиски новинар, Мохамед ал Саед бил егзекутиран на 19 јули од страна на милитантските исламистички групи, соопштија од Британската база надлежна за човековите права во Сирија.


„Хероите од западна Гоута (провинција во Дамаскус) го затворија шабих (про-режимска милиција) презентерот на 19 јули…Тој тогаш беше убиен откако претходно беше испрашуван“, пренесува AFP.
Овој пост беше објавен заедно со една фотографија, на која што се наоѓа Сеад потпрен на ѕид. „Нека ова биде лекција за сите кои што го поддржувате ваквиот режим“, пишувало на пораката.


Ова е суров варварски акт направен од една од најголемите злосторнички групи во Сириа, пренесе новинарката Оксана Бојоко. Таа овој чин го спореди со инцидентот во Либија, каде што беше киднапиран телевизискиот новинар Хала Мисрати. Тој бил мачен од страна на бунтовничките сили во Либија. Мисрати потоа беше ослободен, но во Сирија тие го убија.

Во меѓувреме RT’s соопшти дека во средата биле уапсени уште еден новинар и еден снимател. Талал Јинбаклу, работел како снимател во Сиријанската национална телевизија, додека Мохамад Али Хусеин, бил одговорен за образовната програма. Исто така во средата Сиријските бунтовници се обиделе да емитуваат како бунтовничкото знаме се веело на телевизиската национална куќа.

На 27 јуни во нападот на владината Ал Икхбариа ТВ станица, во градот Дроуша, јужно од Дамаскус, беа убиеи седум новинари и четворица задолжени за обезбедувањето на објектот. Една од зградите која што се наоѓала во близина била целосно демолирана.
Насилството владее во Сирија во последните 17 мееци. Интернационалниот комитет засега не успеа да создаде мирно решение кое што ќе го прекине конфликтот.

Генералното собрание на Обединетите Нации гласаше во петокот во полза на необврзувачката резолуција во Сирија, со која излегоа неколку Арабски држави. Резолуцијата бараше претседателот Башар ал Асад, да ја отстапи власта на преодната влада, а Сириската армија да прекине со нападот над бунтовниците. Јули беше еден од најкрвавите месеци во овој регион. Во нападите загинаа неколкумина министри на Асад вклучувајќи го и неговиот зет. Конфликтот во Сирија однесе повеќе од 17,000 животи. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, минатиот месец изјави дека според опозициските сили ваквата бројка е зголемена на повеќе од 20,000.

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1