ТВ21: МВР трага по „спасителот“ на Села


Рано утрото, на 28 ноември, полицијата извршила претрес во семејната куќа на полицаецот Фетах Алими кој во медиумите раскажуваше како го спасил Зијадин Села од тепањето во Собранието, објави ТВ 21.

Во мај Алими бил суспендиран, со образложение дека не бил на висина на задачата. Но, неговата сопруга вели дека, малку подоцна добил отказ.

Тоа го потврдија и од полиција со образложение дека тој е на листата на 35-те осомничени за настаните од 27 април. Полицијата во моментов трага по шест лица, а Спасовски пред неколку дена изјави дека не е распишана меѓународна потерница за нив бидејќи осомничените биле во државава.

Неговите адвокати велат дека се во контакт со Фетах и велат дека тој не е во бегство. За време на настаните од 27 април, кога толпата демонстранти насилно влезе во Собранието на РМ, Фетах Алими бил на должност во Одделот за безбедност на Собранието во рамките на МВР.

Од Обвинителството за организиран криминал и корупција не откриваат детали за какво дело конкретно се товари Алими, но велат дека тој е меѓу шестмината осомничени, кои се уште се недостапни за органите на редот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1