Уапсен синот на најголемиот балкански нарко бос


Косовската полиција го уапсила Елвис Келменди, син на балканскиот наркобос Насер Келменди, јави приштинската телевизија Клан Косово.

Веста за апсењето била покриена и со видео снимки од самото апсење. По синот на наркобосот трагаше интерпол по распишаната меѓународна потерница издадена од Сараево.

Неговиот татко избега од Сараево со своето семејство кога полициски доушник му дошепнал дека во тек е акција за негово апсење. Косовските медиуми пишуваа дека тој се наоѓа во Пеќ. Во четвртокот се објави информација дека и ,,босот,, бил уапсен, но полицијата ја демантираше оваа информација.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1