Уапсен видовитиот Милан – Со вода симнувал проклетство и црна магија


Милан Ж. (39) од Мала Плана кај Смедеревска Паланка е уапсен под основано сомнение дека претставувајќи се како „бел врач“, на измама од граѓаните зел повеќе од три милиони динари.

Како што се верува видовитиот Милан „им помагал“ на луѓето во неволја така што им продавал „лековита вода“. Тој е осомничен за кривично дело измама, а одреден му е притвор од 48 часа.

-Видовитиот Милан се огласувал преку едно списание, а на граѓаните им ветувал дека ќе им го симне проклетството и црната магија. Освен тоа, тој на наивните им укажувал дека докторите погрешно ги лекуваат, вели извор од истрага.

Дал оглас

На тој начин довел во заблуда повеќе десетици граѓани, кои му плаќале пари за да им помага.

-Осомничен е дека 315 пати барал од граѓаните да му испратат пари преку „пост нет“ уплатница, а тие тоа го правеле и на тој начин заработил 3,3 милиони динари. Инаку, по налог на Основен јавен обвинител во Велика Плана, по истекот на притворот Милан Ж. ќе биде изведен пред обвинтиел.

Жителите на Мала Плана вчера не беа расположени за разговор за овој видовит сосед, освен една жена која потврди дека слушнала за него.

-Тој живее со жената, и колку што знам гледа во карти. Многу луѓе доаѓаат кај него за да им помага, велат дека многу погодува, вели оваа жителка на Мала Плана.

Гледа во карти

Меѓутоа соговорничката вели дека веќе подолго време не видела никој пред неговата куќа/

-Слушнав дека полицијата му забранила да гледа во карти. Не знаев дека е уапсен. Тој е сиромашен, нема куче за што да го гризне. Сигурно не заработувал многу од тоа, а немам слушнато дека продавал лековита вода, објасни жената.

Само годинава во Србија ова е трет уапсен за измами со магии и амајлии.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1