Уапсени двајца Охриѓани, извршиле 19 кражби низ Охридско


Поради постоење основи на сомнение за сторени 19 кривични дела „тешка кражба“ СВР – Охрид, поднесе кривична пријава против З.Р. (29) и А.Ј. (49) двајцата од охридското селото Куратица. Истражен судија при Основниот суд Охрид им одреди мерка притвор во траење до 30 дена.


kradec 1Пријавените во изминатите два месеци ги извршиле казнените дела на подрачјето на Охрид и Дебарца, стекнувајќи се со против-правна имотна корист од 180 илјади денари. С

ега притворените, со употреба на штрафцигери и друг алат разбивале сигурносни брави од влезни врати и прозорци, а потоа со употреба на физичка сила насилно влегувале во куќите, становите и деловните објекти во Охрид, Подмоље, Требеништа, Мешеишта, Сошани, Лескоец и Рамне, одземајќи пари, сребрен накит, мобилни телефони, ЛЦД телевизори, лап-топ компјутери, цигари, вино, ореви, прашак за перење, сувомеснати производи, моторни пили, електрични циркулари, хилти, бушилици и други алати, ловна пушка, облека и други предмети.

Една од кражбите пријавените ја извршиле откако го забележале клучот од влезната врата оставен под килимчето од семејната куќа.
Со повеќе оперативни активности и претрес кај пријавените полицијата пронашла алат погоден за извршување кражби, како и дел од бесправно одземените предмети. Двајцата приведени се познати извршители на казнени дела и наркозависници, против кои и досега биле поднесувани повеќе кривични и прекршочни пријави, за што А.Ј. бил и затворски осудуван.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1