Уапсениот во Косово е убиецот на полицаецот пред ПМФ


 

 По пишувањата на косовскиот весник Лајме дека во Косово е уапсен еден од осомничените за убиството кај Смиљковското езеро – македоснкото МВР излезе со официјална информација – Уапсениот е еден од најбараните убијци Алмир Дрпљанин за убиството на полицаец кај ПМФ.

 

Алмир Дрпљанин, е убиецот кој е уапсен пред една недела од косовската полиција. Алмир во 2010 беше осуден на доживотен затвор за убиството на полицаецот Африм Арифи пред Природноматематичкиот факултет.

Истото лице МВР го бараше и за кражбите на Прокредит банка, возилото на Комерцијална банка и возилото на Македонски пошти во Чаир.

За убиството кај ПМФ осудени се и Керими Реџаил и Агим Ислами , а на 6 години затвор беше осуден и Рамадан Шакирил, за помагање. На 26 ти ноември 2008 на паркингот пред ПМФ тројцата испукале 70 куршуми од автоматска пушка кон возилото мазда во кое бил полицаецот Арифи и уште двајца полицајци. Арифи почина на самото место, а полицајците со тешки повреди едвај останаа живи и се доживотни инвалиди.

МВР –

Преку Секторот за меѓународна полициска соработка добиено е известување дека од страна на косовската полиција е лишено од слобода лицето Д.А.(33) од Скопје, со место на живеење во Скопје, за кого беше распишана меѓународна потрага од страна на Р.Македонија за издржување на доживотна казна затвор а врз основа на правосилна судска одлука. Исто така сме известени дека при претрес во станот во Урошевац, Косово,  кој го користел Д.А. пронајдени се следните предмети: две автоматски пушки АК-47 со триста куршуми; една пушка М-76 (снајпер) со 36 куршуми; еден пиштол марка “КOLT SMITH“; еден пиштол ТТ 7,62 мм со 96 куршуми; еден пиштол марка “Hekller“ со 43 куршуми; седум рачни гранати; три црни униформи; шест војнички елеци; и големо количестви злато, докуменити и други материјали.

По извршено сослушување од соодветниот судија одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. По однос на оружјето кое е пронајдено при претресот во станот каде престојувал Д.А., според типот и калибарот на истото, постои основано сомневање дека истото е користено во извршување на кривични дела во Р.Македонија. Имено, за Д.А., кој е лишен од слобода во Урошевац- Р.Косово, во Р.Македонија се покренати обвиненија и отворени се истраги во Основниот суд во Скопје и Основниот суд во Тетово за повеќе кривични дела: “разбојништво“ и “убиство“ кои се извршени во периодот од 2006 до 2012 година, а за кои дела постојат материјални докази за негово директно учество во извршувањето.
Станува збор за кривично-правни настани кои се во тек на постапки пред надлежните судови и во кои е пријавен како сторител и Д.А. заедно со други лица:

1.    Кривично дело – “разбојништво“, извршено во Скопје на 16.11.2007 година на крстосницата на булеварот “Гоце Делчев“ со улицата “Беласица“, над вработени службени лица на АД “Комецијална банка“, кои управувале ПМВ џип “Хонда – ХРВ“ сопственост на АД Комерцијална Банка Скопје. Додека возилото стоело на наведената раскрсница чекајќи да се запали зелено светло  било нападнато од неколку маскирани и вооружени лица кои во нападот употребиле автоматското оружје нанесувајќи им повреди на трите лицат кои биле во Хондата (возачот, лицето одговорно за обезбедување на транспортот и трезористот) од кои повреди на лице место починало лицето одговорно за обезбедување на транспортот, по што биле одземени една ташна и една вреќа во кои имало 11.400.000 денари, 18.000 евра и 1.500 американски делари. При извршен увид на лице место се пронајдени чаури калибар 7,62х9 мм кои се исстрелани со две автоматски пушки од наведениот калибар.

2.    Кривично дело – “разбојништво“, извршено во Скопје на 14.03.2008 година на улицата “Цветан Димов“ над четири лица вработени во Македонски пошти кои користеле ПМВ марка “Шкода фелиција“. Тие биле пресретнати од маскирани лица кои управувале ПМВ “Алфа Ромео 155“ и истите употребиле автоматско оружје врз вработените, при што успеале да одземат 40.250.000 денари, односно 654.000 евра по што се качиле во ПМВ “Форд Мондео“ кое било паркирано во непосредна близина и избегале во непознат правец. При извршен увид се пронајдени вкупно 80 чаури од кои 74 чаури со калибар 7.62Х39 мм кои се испукани со четири автоматски пушки од наведенот калибар, а шест чаури со калибар 7.62Х25 мм испукани со полуватоматски пиштол.

3.    Кривично дело – “разбојништво“, извршено во Скопје на 10.04.2009 година на булуверот “Партизански одреди“ во филијала на “Прокредит банка“, од страна на повеќе маскирани лица со качулки на главите, со маскирна облека, со елеци на кои имало ознаки ПОЛИЦИЈА и вооружени со автоматски пушки.  Како што е познато маскираните лица при извршување на делото имаа престрелка со полицијата во обид да побегнат од лице место со две ПМВ – “Алфа Ромео“,  и  возило марка “Голф 3“. При престрелка со полиција повредени од огнено оружје се двајца полициски службеници, а сторителите успеале да избегаат на територија на Р.Косово каде на м.в. Вражји вир оставиле дел од автоматското оружје кое го користеле при бегството. Инаку, полициски службеници од Одделението за криминалистичка техника при СВР Скопје присуствуваа при вршењето на увидите на двете места на територија на Косово, каде што беа пронајдени предметите (автоматски пушки, бомби, панцирни елеци, една вреќичка со натпис „Прокредит„ и др.), кои што   потекнуваат од лицата инволвирани во вршењето на кривичните дела. За ова кр. дело спроведена е кривична постапка против неколку лица изречени се судски пресуди со затворски казни и дел од лицата се наоѓаат на издржување на казна затвор во Р.Македонија, а дел се сеуште во бегство, меѓу кои е и лицето Д.А.

4.    Кривични дела  “убиство“ и “обид за убиство“ извршени во Скопје на 26.11.2008 година на улица “Архимедова“ на паркингот на Природноматематичкиот факултет Скопје врз полициската патрола со службено ПМВ „Мазда” со која се движеле полициските службеници припадници na мобилната единица за борба против уличниот криминал. На паркингот полициските службеници беа нападнати со автоматско оружје, од страна на 4 лица со ПМВ марка “Голф 3“, темно сина боја со затемнети стакла. При нападот полицискиот службеник Африм Арифи (39) им подлегна на повредите додека останатите полициски службеници се здобија со ТТП. При извршен увид пронајдени се вкупно 70 чаури со калибар 7.62Х39мм кои се испукани од четири автоматски пушки. За ова кривично дело спроведена е кривична постапка против неколку лица изречени се судски пресуди со затворски казни и дел од лицата се наоѓаат на издржување на казна затвор во Р.Македонија, а дел се сеуште во бегство, меѓу кои е и лицето Д.А. против кого е изречена пресуда – доживотен затвор.

5.    Кривично дело – “разбојништво“ извршено во Тетово на 16.04.2012 година во златарата “ИСАК“ од страна на маскирани лица вооружени со автоматски пушки кои во златарата употребиле огнено оружје при што сопственикот на златарата се здобил со ТТП. Сторителите одзеле голема количина на златен накит, а при бегството и потрагата која е организирана од страна на полицијата дојде до престрелка при што е убиен еден од сторителите. Од страна на СВР Тетово поднесена е кривична пријава против дел од сторителите и покренато е обвинение и против лицето Д.А. При извршен увид не е извршена идентификација на 37 чаури со калибар 7.62Х39 мм испалени со 4 автоматски пушки.

6.    Кривично дело – “разбојништво“ извршено на 27.09.2007 година на булеварот “АСНОМ“ во Скопје врз лицата В.С.(1950) и С.К.(1951) при што им се одземени 4.100.000 денари. По земениот плен со цел да ги заплашат оштетените испукале повеќе куршуми во нивен правец при што едниот го повредиле во левата надколеница а исто така оштетиле и две ПМВ. Во рамки на расчистување на овој случај беше поднесена кривична пријава против Д.А. како и против лицата  Р.Џ. и Ј.Ф.

 

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1