Уапсено едно лице кое се обидeло да влезе во Ајфеловата кула со ладно оружје


Едно лице е уапсено во обид да влезе во Ајфеловата кула носејќи ладно оружје, во што било спречено од безбедносните контроли, јавува дописникот на МИА.

Настанот се случи синоќа околу 23 часот и 30 минути, соопшти претпријатието задолжено за управување со еден од најпосетените споменици во Париз.

Лицето изгледа било само и како што беше соопштено „многу брзо било ставено под контрола и уапсено“, без да се знаат неговите мотивации или околностите под кои се случило ова дејствие. Во овој настан нема повредени.

Ајфеловата кула, која во текот на минатата ноќ беше во боите на Пари Сен Жермен, за да го поздрави пристигнувањето на Нејмар.

Управителите на Ајфеловата кула го поздравуваат фактот, што биле „испочитувани и успешно спроведени сите постапки предвидени за вакви случаи, како на вlезот, така и на спратовите на споменикот. Бројот на гостите кои се наоѓале во тој момент на Ајфеловата кула не е соопштен

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1