Убиен таксист зошто патникот немал пари да му плати


Млад возач на такси компанијата Мега во Крагуевац е убиен затоа што патникот не сакал да плати 180 динари за возењето, објавија локални медиуми. Според нив подоцна убиецот е уапсен.img_taxi1

Таксистот е нападнат кај драгсторот во Бресница. Претходно напаѓачот повикал такси и побарал да го вози до Бресница. Драмата настапила нешто пред 23 часот кога возилото стигнало на својата дестинација – патникот не сакал да плати 180 динари за возењето и веднаш го извлекол надвор од возилото 24-годишниот таксист и почнал да го тепа.

Според очевидци го удирал со тврд предмет.

Несреќниот таксист како последица од тешките повреди починал на самото место, а екипата на Брзата помош можела само да констатира смрт.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1