Убиена новинарката која го обвини малтешкиот премиер за корупција


Малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција (53) загина денеска во експлозија на автомобил, кратко време откако во својот последен блог ја опиша политичката ситуација на Малта како „очајна“, обвинувајќи ја Владата за корупција.

Инцидентот се случил на само неколку метри од нејзиниот дом кога била активирана експлозивната направа поставена под нејзиниот автомобил.

Локалната полиција наведе дека телото било изгорено до непрепознатливост.

Медиумите јавуваат дека таа неодамна поднела пријава до полицијата во врска со заканите кои ги добивала.

Премиерот на Малта, Џозеф Мускат, кој Галиција го обвини за криминал поврзан со Панамските документи, наведе дека „нема да запре се додека правдата не биде задоволена“.

– Сите знаат дека госпоѓата Галиција остро ме критикуваше и лично и професионално, но некој не може да го оправда овој варварски чин на каков било начин, наглаи Мускат.

Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани нагласи дека „бруталното убиство на Галиција е трагичен пример за новинар кој го жртвувал својот живот за да ја покаже вистината. Таа нема да биде заборавена“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1