Убиецот го чекал во полскиот тоалет и му пукал во глава: Нови детали за убиството на бизнисменот


Предраг Периќ (47), бизнисмен од Сурдулица, убиен е со еден куршум кој му поминал низ око, а убиецот најверојатно го чекал во полскиот тоалет кој се наоѓал зад неговата куќа и деловниот простор.

Периќ останал мртов на место, а убиецот побегнал.

Страотното злосторство се случило во неделата наутро во село Житораѓа. Периќ, сопственик на фирмата за технички преглед „Периќ Трејд“, застрелан е пред својата куќа кога излегувал од возилото. По обдукцијата е утврдено дека е убиен со огнено оружје во десната јагодица, во близина на окото, здобивајќи се со прострелна рана од која починал на самото место.

Исчезнала чаурата

-Периќ до два часот по полноќ бил во кафеана. Убиен е во моментот кога го ставил клучот во бравата од влезната врата од куќата. Напаѓаќот му пукал во глава, куршумот му го пробил черепот, а чаурата не е пронајдена. Се верува дека убиецот до даоѓањето на жртвата се скривал во полскиот тоалет кој се наоѓа под деловната зграда кој секогаш бил затворен, а по злосторството е пронајден отворен, вели полициски извор додавајќи дека ќе бидат прегледани и снимките од видео надзорот.

Мештаните зборуваат дека Периќ не бил проблематичен, но дека неодамна имал еден спор.

-Се збореше дека наводно некоја жена му должела пари, па ја дал на суд поради долгот. Беше добар и фер човечк. Славеше Свети Архангел, секогаш носеше музика, имаше големо друштво, вели соседот.

Јована Мишиќ (30), пасторка на покојниот Периќ вели дека тој со нејзината мајка Слаѓана (51) бил во брак 18 години и дека заедно го кренале деловниот објект.

-Мене и братот нашиот вистински татко не остави кога имав 3 години. Мојот брат Милош (27) и јас сме од првиот брак на нашата мајка. Имам само зборови за пофалба за Предраг, кој не чуваше, како и мојот постар син. Јас сум во седмиот месец од бременоста и многу сум потресена, раскажува Јована.

Не го заслужил тоа

Таа вели дека нејзина мајка Слаѓана тешко ја поднела веста за убиството.

-Не е дека мојата мајка го оставила, тие се разведоа пред 4 години. Читам коментари дека тој нешто згрешил. Мислам дека постојат закон и институции надлежни за тоа, а некому да му се одземе живот на така свиреп начин…Тој тоа не го заслужи. Кон нас се однесуваше како вистински татко, вели Јована.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1