Убијте се по дома – скандалозна кампања во метро во Лондон (Фото)


Градот Лондон покрена необична акција, која последните неколку денови ги шокираше луѓето, кои што го користат метрото во тој град.

Имено, кампањата под наслов „Убијте се по дома“, има за цел да го смали бројот на самоубиствата, особено на оние кои што се случуваат во метроата.

Судејќи по се, големиот број на самоубиства во Лондон се случуваат на јавни места, главно во подземната железничка станица, што претставува траума, како за возачите, така и за корисниците на превозот.

Раководството на Лондон, одлучи да се пресмета со ваквата појава, па управата во метрото залепиле плакати на кои стои кутија со пилули на која пишува „Убијте се по дома“.

Додека со ситни букви доле е објаснето „Зошто би сакале да скокнете, кога со голтање е полесно. Нашите муштерии и возачи ќе ви бидат бескрајно благодарни“

Колку кампањата ќе биде успешна останува да се види, во секој случај, пристапот е бизарен

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1