Ученици од „Арсени Јовков“ се затруле со спреј


13 ученици и 1 професор од средното училиште „Арсени Јовков“ попладнето завршиле на Токсикологија и во градската болница „8 спетември“ со симптоми на кашлање и задушување, јавува Телма.

Според првичните информации од МВР, се работи за вдишување на спреј кој бил употребен од 2 непознати лица кои засега не се лоцирани, а според МВР по настанот се упатиле во непознат правец. Настанот се случил околу 16 часот, кога децата почувствувале печење на очите и грлото.urgenten 8 septemvri bolnica mk

Според последните информации од Токсикологија, учениците се во добра состојба и вечерва ќе бидат пуштени,а и 3-те девојчиња кои завршија во градска болница  примиле инфузија и витамини и се пуштени дома. Од направените анализи и испитувања кај децата, лекарите не успеале да утврдат кој е агенсот кој ги предизвикал симптомите и тоа веројатно ќе се дознае во текот на утрешниот ден од примероци земени од училиштето.

Во исказите кои ги дале пред лекарите и полициските службеници учениците не биле прецизни околу самиот настан и кои биле лицата кои употребиле спреј.

До 21 часот, се уште траеше полицискиот увид во училиштето. Вработените кои беа дојдени на работа 2 смена, не знаеја ништо за случајот.

Двајца ученици кои случајно се најдоа во дворот, не сакаа да зборуваат пред камера, рекоа дека наставата била прекината околу 16 часот, каде неколку ученици се пожалиле на тешко дишење, по што била повикана брза помош, а останатите ученици ги пуштиле да си одат дома.

Телма не успее да ја добие директорката на училиштето Јованка Аспровска да даде повеќе детали за настанот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1