УХМР со нова прогноза: Еве какво време не очекува до сабота (ФОТО)


Снежна покривка до изутрина (во см.): 8 Претор, Д. Капија, 9 Струмица, Скопје, 10 Скопје Петровец, 11 Виница, 14 Штип, Прилеп, 15 Охрид, 17 Битола, 20 Куманово, Ѓуриште, 21 Кр. Паланка, 23 Крушево, 27 Берово, 30 Дебар, Тетово, 35 Тополчани, 49 Лазарополе, 56 Пожаране, 78 Маврово.

Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м 2): 1 Битола, Прилеп.vremenska

Времето денес: Променливо облачно и многу студено со сончеви периоди, и со услови за провејување на снег особено кон крајот на денот на североисток. Ќе дува умерен северен ветер, само вдолж Повардарието ветерот повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од -12 до -4 степени.

Метеоролошки параметри за Скопје: Tемпература: -8 °C, P= 984 hPa, U= 54 %, V= 5 m/s.

До вторник ќе се задржи променливо облачно и понатаму многу студено време со услови за повремено провејување на слаб снег почест утре од вечерните часови. Во вторник ќе има повремени врнежи од снег и се уште ќе дува северниот ветер, но ќе биде послаб. Во среда и четврток ќе преовладува променливо облачно време и ќе започне постепен пораст на температурата.gfdsg-520x187

На крајот на работната недела краткотрајно ќе дува јужен ветер и со позначителен пораст на температурата на воздухот од запад ќе започнат нови врнежи кои на југот од земјата ќе бидат од дожд.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1