УЈП и Финансиската полиција го чешлаат Карфур


Управата за финансиска полиција отвори предистражна постапка за хипермаркетот „Карфур“, објави порталот Фактор. Од Управата посочуваат дека се испитуваат сите наводи изнесени во медиумите и ќе се утврдува дали сопствениците на хипермаркетот сториле кривично дело.siti mol2 mk

Финансиската полиција влезе во двете фирми, „ЦМС Балканс“ ДООЕЛ Скопје и „ЦМС Сервицес“ Скопје, преку кои овој бренд беше присутен во Македонија. „ЦМС Балканс“ ДООЕЛ Скопје е отворена кон крајот на 2011 година, а „ЦМС Сервицес“ Скопје од септември лани. Како управители се јавуваат Леонидас Маринопулос и Георгиос Вогиацакис. Истата грчка компанија ЦМ Балканс Б.В на 28, септември 2015 отвора нова фирма во Скопје, под името ЦМБ Сервицес.

И таму како управител се јавува лицето Георгиос Вогиацакис. Новата фирма се отвора токму во времето кога наголемо почна да се зборува за затворање на супермаркетот Карфур. Останува нејасно зошто токму во периодот кога беше повеќе од јасно дека хипермаркетот се соочува со финансиски проблеми и е пред затворање, раководството отвора нова фирма. Според податоците на Фактор, Карфур последните неколку години прикажувал загуби. Односно, во 2014 загубата била еден милион евра, а во 2013 година загубата била два милиони евра.

„Отворена е предистражна постапка и по предметот се постапува. Се испитуваат сите наводи изнесени во медиумите и сите фирми што се доведуваат во врска со работењето на споменатиот синџир маркети. По завршувањето на постапката јавноста ќе биде информирана дали евентуално се утврдени елементи на сторени кривични дела од сопствениците или управителите на фирмите што оперирале во Македонија“, велат за Фактор од Управата за финансиска полиција.

Од Управата за јавни приходи пак посочуваат дека го следат и го контролираат даночното работење на сите субјекти (даночни обврзници) во рамките на своите надлежности, вклучувајќи го и посочениот субјект, но дека не смеат да откриваат детали и информации.

Вкупниот долг на „Карфур“ кон добавувачите се проценува на 10 милиони евра.

Хипермаркетите на „Карфур“ во Скопје и во Тетово се затворени. Вработените од двата маркети сега се отпуштени и си ги бараат заостанатите две плати.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1