Украдено бебе пронајдено преку фејсбук – тинејџери ја нашле жената што го зела од болница


Жена облечена како медицинска сестра влегла во една канадска болница и украла дете, на возраст од само 16 часа. Кога во болницата разбрале што се случува ја информирале полицијата, прегледани се и безбедносните камери каде јасно се гледа лицето на жената.

bebe ukradenoИсто така, снимките покажале дека од болницата си заминала со црвена Тојота со натпис „Дете во автомобил“. После неколку минути полицијата објави снимка од нејзиниот автомобил  и нејзина фотографија на своите профили на социјалните мрежи.

Група тинејџери, како што велат, во тој момент им било здодевно, па тргнале во потрага по мистериозната жена.

Излегле на улица и го барале црвениот автомобил, кога еден од нив сфатил дека жената ја познава и знае каде живее. Отишле до нејзината куќа и го виделе автомобилот кој полицијата го барала. Откако се информирани надлежните служби, жената е уапсена и однесена во болница на евалуација, а како што стои во извештајот, детето е добро.

Социјалните мрежи така уште еднаш се покажаа корисни во борбата против криминалот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1