Украина ќе ја депортира руската дописничка


Дописникот на руската Канал 1, Ана Курбатова, која беше уапсена во Киев, ќе биде депортирана, соопштиле украинските безбедносни служби, пренесе Раша тудеј. Според информациите, на Курбатова ѝ било забрането да влезе во земјата три години, додава РТ.

Инцидентот се случил синоќа во центарот на украинскиот главен град, Киев. Курбатова, била “зграпчена од непознати лица, ставена во автомобил и избркана”, според Канал 1.

“Во моментов немаме информации, но, несомнено, ќе се потрудиме да ја разјасниме ситуацијата”, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков за новинарите.

Руското Министерство за надворешни работи исто така се обидува да ја разјасни ситуацијата околу притворот на дописникот.

Руското Министерство за надворешни работи го осуди инцидентот со Курбатова, барајќи од меѓународните организации за човекови права внимателно да ја следат ситуацијата околу слободата на печатот во Украина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1