Умреле за 40 секунди: Морничава и недоволно позната приказна за тројцата космонаути


Тројцата советски космонаути, биле првите луѓе во вселенската станица и единствените кои умреле во вселената.

Советските космонаути Георгиј Добровољски, Владислав Волков и Виктор Пацајев заминале на своето вселенско патување во јуни 1971 година и во истиот ден успешно слетале на првата вселенска станица, Салут 1.kosmonauti

Поминале 22 дена во вселената и со тоа го поставиле рекордот за престој во вселената. Патот за назад кон Земјата го почнале на 30 јуни и нивната капсула успешно слетала во Казахстан.

Кога советските техничари ја отвориле капсулата, ги пронашле мртви. Телото на Добровољски сеуште не било оладено, а сите тројца имале модрици на лицето и трагови од крв на носот ушите.

Трка во вселената

Во доцните 60-ти и почетокот на 70-те години на минатиот век, додека САД го славеле слетувањето на првите луѓе на месечината, СССР започнал со други подвизи. Граделе вселенски станици во Земјината орбита кои биле одтскочна скала за долготраен престој на луѓе во вселената.

Визијата за вселенска станица

Владимир Челомеј бил пионер во советската вселенска индустрија и ја поставил визијата за вселенска станица и воените бази на Земјината орбита.

Неговиот сон многу брзо прераснал во амбициозна визија. Вселенските станици многу брзо станале место каде што се спроведувале бројни експерименти за цивилни потреби, а војната била ставена во втор план.

Салут 1, е првата цивилна вселенска станица. Лансирањето било планирано за 12 април 1971 година, за да се поклопи со 10-годишнината на летот на Јуриј Гагарин, но поради технички проблеми, Салут 1 ја напуштил земјата една недела подоцна.

Првиот тим, требало да биде пренесен со Сојуз 10, но повторно се појавиле технички проблеми, па космонаутите не влегле во станицата. Дури Сојуз 11 успеал да ги однесе првите луѓе на вселенската станица.

Откако Добровољски, Волков и Пацајев поминале 22 дена во вселената и со тоа поставиле рекорд за човечки престој надвор од Земјината атмосфера. Тимот по престојот бил спремен да се врати назад и успешно слетал на Земјата, но откако ја отвориле капсулата ги пронашле мртви.

Мистериозната смрт

Откако биле пронајдени мртви, космонаутите ширум светот биле во паника. Една теорија била дека луѓето едноставно не можат да живеат во вселената толку долго како и дека количината на зрачењето е смртоносна. Американскиот претседател Ричард Никсон изразил сочувство, за како што кажал, истакнатите космонаути.

Истрагата покажала дека еден вентил случајно бил отворен и дошло до декомпресија на патничката кабина. Бидејќи во тоа време немале заштитно одело, за само неколку секунди вакумот ги убил сите тројца. Црната кутија покажала дека биле потребни само 40 секунди за да умрат. Пацајев починал во близина на отворениот вентил, па се претпоставува дека тој тогаш се обидел да го затвори.

Салут 1 е уништен неколку месеци по несреќата, а леталото Сојуз се преработени за да можат само двајца патици да бидат во капсулата, за цело време на себе да ги носат заштитните одела.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1