Унгарија тргнува со закони против октоподот на Сорос


Унгарската држава тргнува со закони против октоподот на американскиот милијардер Џорџ Сорос. НВО мафијата ќе треба да ги објави изворите, сумите и целта на финансиранјето од странство.brajt

Медиумската куќа „Брајтбарт“ на главниот советник на Доналд Трамп, Стив Бенон ги најави новите закони во Унгарија со кои се воведува јавност, отчетност и транспарентност во финансирањето на НВО мафијата на Џорџ Сорос.

Унгарската владејачка партија до законодавството ќе предложи легислативи преку кои ќе ги принуди невладините организации да го откријат изворот, висината на паричните средства кои ги добиваат, како и целта на финансирањето, пишува „Брајтбарт“.

Лајош Коса од конзервативната партија ФИДЕС на премиерот Виктор Орбан, во петокот изјави дека намерата е да се расветли начинот на финансирање на групи од странски извори, кои се обидуваат да влијаат во Унгарија. Коса рече дека Нацрт законот ќе биде поднесен до парламентот следниот месец.

Унгарскиот премиер Орбан постојано ги критикува невладините организации финансирани целосно или делумно од филантропот Џорџ Сорос, опишувајќи ги како “странски агенти” кои сакаат да го поткопаат авторитетот на избраните претставници. Локалната канцеларија на „Транспаренси Интернешнл“, Унгарската унија за граѓански слободи и унгарскиот Хелсиншки комитет се посочени од страна на Владата на Орбан.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1