Уреден запуштениот простор кај ,,Езерце,, во парк


Запуштениот простор околу некогашниот ресторан „Езерце“ доби нова функциј. Неодамнешната интервенција на „Радиус архитекти“ и на Општина Центар ја претвори руината во Градскиот парк во простор со трибина, кој може да се користи за концерти, театарски претстави и филмски проекции во текот на летните месеци. Со проектот „Жолта сцена“ му се дава нов живот на ова препознатливо катче на скопјани, кое во иднина ќе може да има мултифункционална намена во зависност од креативноста на граѓаните. Архитектонската интервенција е реализирана во периодот на одржување на XVIII Биенале на македонската архитектура, кое токму годинава ја третира темата „Рециклирана архитектура“.

zolta-scena

билд.мк

И покрај успешното уредување на јавниот простор, изградбата на планираниот ресторан „Езерце“ и понатаму има неизвесна судбина. Министерството за транспорт и врски речиси една и пол година не сака да одговори на барањето на Општина Центар за префрлање на надлежноста за управување со земјиштето во Градскиот парк. Локалните власти не можат да ја почнат постапката за избор на приватен концесионер што ќе го гради објектот пред да се заврши доделувањето на земјиштето со површина од 1.046 метри квадратни. И покрај задоволувањето на сите неопходни критериуми, Општина Центар е една од ретките локални самоуправи што не може да си го добие државното градежно земјиште во свое владение.

Општина Центар избра идејно решение за возобновување на ресторанот „Езерце“. Идниот приватен инвеститор ќе ја има можноста да избере дали ќе изработи нов проект, или пак, ќе го прифати победничкиот архитектонски труд на авторите Филип Конески, Борко Георгиев и Иво Ѓорѓиев.

Build.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1