lenin-kiev1Поддржани од ЕУ и САД, опозициските партии бараат од претседателот Јанукович да ја смени владата и да формира техничка влада која ќе го потпише договорот за придружување кон ЕУ и ќе ги продолжи разговорите со ММФ.

Тие поставија огромен плакат со ликот на најголемиот опонент на Јанукович, бившата премиерка Јулија Тимошенко.

Тензиите кај демонстрантите нараснаа по завчерашната средба на Јанукович со рускиот претседател Путин за стратешко партнерство, на која наводно се договарала трговска унија со Русија.

Демонстрантите во Киев го урнаа споменикот на Ленин во центарот на градот. Тие успеаја да го симнат од постаментот со помош на јажиња.