Уште една потресна исповед: И мене тренерот ме силуваше со години


Англискиот фудбал повторно го тресе педофилскискандал, се јавија уште двајца фудбалери кои тврдат дека како деца сексуално ги малтретирал тренер.

Откако ги објавија своите приказни Енди Вудворд и Стив Валтер, се јавија и Пол Стујард и Девид Вајт. Сите потврдија дека ги злоупотребувал осуденуит педофил Бери Бенел, некогашен тренер на деца во повеќе клубови. И додека Вајт, некогашен играч на Манчестер Сити, се јави со кратко соопштение, Стујард ја раскажа својата траорна прикзана за Дејли меил.
Се закануваше дека ќе ми ги бие родителите. fudbaleri-1

Поранешниот врвен играч на Тотенхем, Сити и Ливерпул и англиски репрезентативец бил силуван од 11 до 15 години. Раскажал дека сѐ започнало кога Бенел се спријателил со неговите родители и им ветил дека од нивниот син ќе направи ѕвезда.

-Еден ден кога се возевме во кола, почна да ме допира. Бев преплашен, не знаев што ми прави. Се обидов да им кажам на родителите, но имав само 11 години. Сето то прерасна во сексуална злоупотреба, велеше дека ќе ја убие мајка ми, татко ми, браќата, ако кажам барем еден збор. А кога имате 11 години, верувате во тоа, раскажува 52-годишниот Стујард.
Проблеми со алкохол и дрогаfudbaler

Тренерот им кажувал на родителите дека нивниот син мора дополнително да работи на одредени сегменти за да го извади од дома и да го силува.

-Менталните лузни ме одведоа во проблеми со алкохолот и дрогата. Земав кокаин за да престанам да размислувам за самоубиство и мина болката што ми ја нанесе силувањето, додава Стујард.trener

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1