Уставен го укина законот – нема фискална, нема плаќање


Одредбата од Законот со која се предвидуваше купувачите да не мора да ја платат купената стока доколку продавачот не му даде фискална сметка, денеска е укината на седницата на Уставниот суд.


Одредбата е донесена 2011 година, а Судот утврдил дека со неа не се обезбедува владеење на правото.

Според тоа оваа законска обврска на даночните обврзници веќе не важи. Доколку не ви дадат фискална сметка може да го откажете купувањето но не и да си заминете со купеното без да платите, како што предвидуваше оваа одредба.

Судот денеска расправал и за одредба од Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување. Измени со кои ако предметот се даде од суд кај извршител тогаш не е застарен. Оваа расправа е одложена за седум дена

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1