Уште еден атак врз новинарите – избркани 3 новинари од Канал 5


Тројца новинари од спортската редакција на Канал 5, добија откази. Се работи за речиси комплетна чистка на спортската редакција на оваа телевизија.

Сеуште не е објавено која е причината. Но истовременото отпуштање на речиси целата редакција е само уште еден атак во низата удари врз новинарите во Македонија.

Ова не е прв пат Канал 5 да ја исчисти спортската редакција во еден удар. Тоа се случи и пред неколку години кога препознатливи имиња за оваа телевизија преку ноќ добија откази и по итна постапка беа избркани. Новинарите се снајдоа, но остана гневот поради третманот.

Отказите во Канал 5 се само последни во низата. Со години наназад масовни отпуштања, кратење плати, обид за цензура, нечовечки услови за работа – ова е слика која е карактеристична за повеќето медиуми во земјата. Без работно време, на плус 40 и на -20 никој не ги прашува. И на крајот новинарите уште треба ,,фала,, да кажат ако земат плата – чунки на поклон им ја даваат газдите, а всушност им извадиле душа за секое денарче.

Со години веќе газдите на медиумите заработуваат на новинарските имиња и лица, буквално им го рентаат мозокот кога се обидуваат да ја продадат нивната креативност за ситни пари и рекламчиња.

Последниве години во повеќето медиуми вистинските новинари се ,третираат како ,,животни пред истребување,,. Платите одат надолу од проста причина што не го ценат ниту образованието, ниту минатиот труд, туку за нив секој е заменлив. Ќе си земат некого од улица и ќе си направат новинарче.

Арно ама публиката не е слепа. Се повеќе паѓа гледаноста на телевизиите, читаноста на весниците, слушањето на радио. Ќе дојде денот кога големите газди можеби ќе сватат конечно дека единствени виновници за тоа се самите тие. Публиката неможеш да ја излажеш со новинарче од улица. Доколку не и понудиш квалитет само ќе го промени каналот. И тоа се повеќе се случува, што влева надеж дека можеби оваа новинарска агонија има крај.

Тројцата колеги од Канал 5 се отпуштени иако дел од нив со години беа во телевизијата, а едниот е новинар во канал 5 веќе 12 години.

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1