Утре дожд, од недела температури под нулата


Пообилни врнежи утре во попладневните часови, со услови за ретки грмежи и засилен ветер до 70 км на час, а на повисоките планини снег, најавуваат хидрометеоролозите.

Од УХМР информираат дека под влијание на влажна воздушна маса од Медитеранот, утре ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.ulica dozd 3 mk

Пообилни врнежи ќе има во попладневните часови, во западните и североисточните делови, каде локално се очекува да наврнат над 25 на литри на метар квадратен. Во југоисточните подрачја ќе има услови и за ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, кој на места ќе достигнува брзина до 70 километри на час.
Од недела, нашето подрачје ќе потпадне под влијание на висок воздушен притисок, кој ќе услови стабилно, но посвежо време. Дневните температури ќе опаднат за неколку степени, а утринските на места ќе се спуштат под нула.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1