Утре дожд со повремен ветер


Времето утре ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд со послаб, а во западните и јужните делови повремено со умерен интензитет. На повисоките планини можен е и повремен снег.dozd

Минималната температура ќе се движи од минус 1 до 7 степени, а максималната од 13 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд, почест во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 2 до 18 степени.

Во периодот потоа ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во вторник и среда во попладневните часови, пред се на запад, ќе има услови и за појава на ретки грмежи. Од четврток ќе почне да дува северен ветер кој особено ќе засилува во петок. Во петок врнежите ќе завршуваат, а тогаш поради спуштање на температурата се очекува појава на слаб снег на врвовите и на пониските планини.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1