Утре ќе се знае во кои колбаси ја имало смртоносната бактерија


Кои производи се опасни за консумирање поради присуство на бактеријата листерија ќе биде познато утре кога се очекува да заврши испитувањето и типизацијата на мострите во Агенцијата за храна. Првичните резултати покажале дека две мостри се позитивни, а се испитуваат околу 300 производи.

bakteria-virus-labaratorija11Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски, посочи дека станува збор за мостри од колбаси од две компании од домашната месна индустрија. Во следниот период подвлече, ќе следи генетска типизација на мострите на Факултетот за ветеринарна медицина, која ќе биде готова до среда попладне и тогаш ќе се знае дали тие ја предизвикале листериозата кај лицата кои заболеа од бактеријата.

– Двете позитивни мостри не значи дека се тие поврзани со хуманите случаи на листерија, рече Рунтевски. Во однос на колбасите, тој појасни дека овој вид производ не е опфатен со правилникот, бидејќи со него се опфатени готовите производи за консумација. Колбасите, додаде, подлежат на дополнителна термичка обработка со која се смета дека бактеријата би се уништила.

Во меѓувреме, продолжуваат и понатаму со контролите на терен заедно со Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Бројот на заболени од листериоза е осум лица, од кои шест биле со инвазивна форма на менингитис предизвикана од бактеријата, а два со перинатална и неонатална сепса. Четворица од нив починаа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1