Утре прогласување на Република Илирида – Албанци ја отцепуваат западна Македонија


Утре, од 12 до 14 часот ќе биде одржано свеченото прогласување на Република Илирида, јави порталот Алмакос.

Чинот на прогласување ќе го сторат „претседателот на Илирида, Невзат Халили, премиерот Баки Сулемани и претседателот на националниот фронт за човекови права и слободи, Идриз Синани-Куманова“.ilirida

– Република Илирида ќе биде фактор на стабилност во Балканот и во ЕУ, бидејќи ни најмалку не ги загрозува административните граници, туку ќе спроведен конфедерална реорганизација меѓу двете републики Илирида-ПЈРМ. Република Илирида ќе биде демократска република и ќе ги гарантира сите права на малцинствата кои сакаат да живеат во неа, стои во соопштението.

Прогласувањето на Илирида најпрво беше најавено за 15 септември, но ден пред тоа за електронското издание на весникот Лајм, Халили изјавил дека по барање на на меѓународниот фактор прогласувањето е одложено.

Членови на Претседателството на Илирида, според Алмакос, минатата недела престојувале во Германија, а порталот пишува и дека аналитичарите сметаат оти се што се прогласува надвор од Скопје е на штета на националниот интерес на Албанците.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1