Ужасна семејна трагедија: Пред очите на дете (7) исчезна целото негово семејство – плачел и довикувал помош


Полицијата ги соопшти деталите за ужасната трагедија кај Неапол во која загина 11-годишнo дете и неговите родители.

Несреќата се случи на Флегрејските полиња. Четиричленото семејство го разгледувало овој заспан супервулкан Солфатара, кога Лоренцо Зарамела (11) влегол во забранетиот дел и пропаднал низ еден кратер од вулканот Солфатара.

Неговиот татко инженер Масимилијано Карер (45) се обидел да го спаси синот, но и под него се урнала земјата, а кратерот се проширил и тој паднал во дупката од која избиале гасови и пареа.

Тогаш Тицијана Зарамела (42) се обидела да го извлече синот и сопругот меѓутоа земјата продолжила да се руши и неа ја снашла истата судбина.
Вулканот Солфатара е дел од Флегрејските полиња кои се полни со мали кратери тн. фурамоли од каде повремено избиваат врели гасови. Се верува дека синот и родителите починале од задушување.

Нивниот најмлад син Алесио (7) преживеа зошто скаменет посматрал како страдаат неговиот брат и родителите и не влегол во забранетата област. Тој е единствениот сведок на ужасната трагедија.

Некои туристи го забележале детето како вреска и плаче, повикувајќи помош. Спасителите дошле многу брзо, но им немало спас на мајката, таткото и детето.

Преживеаното дете го презела социјалната служба и психолот додека не го преземе бабата по мајка.

„Или дошло до помала експлозија или земјата едноставно попуштила под нивната тежина и тие пропаднале во дупката.

Најдени се во оградениот делм, изјави портпаролот на пожарникарите Лука Кари и додаде дека една од можните причини за несреќата е што последните денови паѓал дожд, па е можно вулканската површина да омекнала.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1