Ужасна судбина: Мајка и ќерка загинаа во различни несреќи во рок од 30 минути


Џули Патерсон (39) од Алабама и нејзината осумгодишна ќерка Елизабет загинаа во две одвоени несреќи во рок од 30 минути.qqqqqq-2-640x432

Двете сообраќајни несреќи се случиле на само десетина километри оддалеченост.

-Автомобилот во кој била мајката фронтално се удрил со друго возило. Само половина час подоцна нејзината ќерка поминувала улица кога ја покосил автомобил, соопштија наделжните додавајќи дека и двете несреќи се случиле на истиот пат, во близина на нејзината куќа.

WBRC FOX6 News – Birmingham, AL

Како што се наведува девојчето неодамна го прославило роденденот, а настрадало неколку минути откако излегло од училишниот автобус.

Истрагата за сообраќајките се во тек, а мештаните од градчето во кое живееле мајката и ќерката се шокирани од трагичната случајност.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1