Ужасната вистина за базените – специфичниот мирис не е од хлорот


Смрдеата која се шири во базените тера многумина да се откажат од пливање. Ако досега сте мислеле дека е нормално базените да го имаат оној специфичен мирис, да не кажеме смрдеа, знајте дека не сте во право.425089-bazen

Во соблекувалните на базените со причина стои натпис дека се препорачува туширање пред пливање. Имено, иако ретко кој пропушта туширање по посета на базен, треба да знаеме дека правилото за туширање пред влез во базен постои со причина.

А причина за тоа е – нитроген. Кога нитрогенот ќе се помеша со хлор во базенот, се формира хлорамин кој е проблематичен од две причини.

Првата е што хлорот се врзува за него, наместо да не штити од бактерии во базенот. Иако хлорот и натаму успеава да уништи поголем дел од бактериите, за жал оние кои преживуваат, ако ги проголтаме или вдишиме за време на пливање, може да предизвикаат една од 10.000 болести колку годишно се бележат меѓу Американците кои ги посетуваат базените.

– Ако не се туширате пред да влезете во базен, во него внесувате се` што се наоѓа на вашата кожа, раскажува епидемиологот Мишел Хлавс.

Тоа вклучува природни масти на кожата, пот, козметика и останати производи за лична хигиена, урина и остатоци од фекалии.

Другата загрижувачка причина е фактот што хлораминот е причината поради која базените мирисаат така како што мирисаат.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1