УЖАСОТ НА ПРАВДАТА – Оваа судика стана хит


Една судијка од Украина, по име Ала Бандура привлече внимание на социјалните мрежи со фотографија на која што има прилично специфичен изглед и стил, кој потсетува на Џокер од сагата за Бетмен, или пак – на вештерката од „Сирената Ариел“.sudijka

Не е познато кој ја објавил фотографијата. А, сеирџиите ја опсипаа жената со најразлични епитети, од кои највпечатлив, се чини, е – „ужасот на правдата”.

Сепак, се појави и приказна дека Бандура пред повеќе од 10 години преживеала напад поради својата принципиелна работа. Тогаш, непознат сторител и нанел 12 убоди со нож, но таа преживеала и успеала да се врати на својата работа.133610803

Украинскиот портал „Сегодња“ дојде до коментар на самата судијка, која објаснува дека фотографијава настанала пред неколку години, за потребите на службениот судски гласник, а таа тогаш морала набрзина да се нашминка.

Бандура вели дека не се лути за шегите на нејзина сметка и не му се лути на оној кој ја објавил сликата на интернет.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1