Ватерполиста покосил пешаци на станица – 7 повредени – едно 8 год дете


Во тешка сообраќајна несреќа која се случила утринава околу 9 часот во Крагујевац повредени се 7 лица меѓу кои и 8 годишно дете. Додека стоеле на автобуска станица на нив налетал “BMW” со белградски регистарски таблички, за кое Телеграф јавува дека му припаѓа на Борис Поповиќ, член на ватерполо клубот ,, Раднички,,

Автобуската станица се наоѓа веднаш спроти брзата помош, па лекарите брзо реагирале и 7 лица се итно пренесени во ургентниот центар. Детето според првичните информации има повреди на главата.

Според информациите ватерполистот брзал да стаса на тренинг кој бил закажан во 10 и 30. несреќата ја потврдил и тренерот на клубот кои изјавил дека Поповиќ доаѓал од Белград за Крагујевац и најверојатно бил уморен и можеби заспал зад воланот. Се надевам дека никој од повредените не е животно загрозен,, изјавил Дејан Удовичиќ

Според полицијата автомобилот по семафорот наместо да сврти продолжил со голема брзина да се движи право, по што удрил во пешачкиот остров а потоа со превртен автомобил буквално слетал меѓу луѓето кои чекале автобус.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1