Вдовицата на Стив Џобс пристигна со луксузната јахта на Бриони (Видео)


Јахтата „Венера“ на Стив Џобс, кој никогаш не дочека да заплови со оваа луксузна јахта вредна околу 120 милиони евра, овие денови плови околу Бриони.

Јахтата сега е во сопственост на неговата сопруга Лорен Пауел Џобс, која веќе крстосуваше со „Венера“ во Јадранското Море, последниот пат пред три години, во обиколката на Дубровник и на Хвар.

Лорен Џобс со техничкиот гениј, кој почина по долгата битка со ракот на панкреасот, беше во брак 20 години. Двојката има четири деца, но по смртта на Стив Џобс таа наследи повеќе од 10 милијарди долари од неговиот имот.

Јахтата „Венера“ е дизајнирана од Филип Старк и е изградена во Холандија.

Стив Џобс ја нарача јахтата во 2008 година, недолго откако му дијагностицираа рак, а тој се одлучил токму за Старк, бидејќи сметал дека е единствениот човек што може да ја спроведе неговата визија за јахтата во дело.

Но, изработката на јахтата не поминала без проблеми. Таа се градела во Холандија, а Старк ја заплени откако го обвини Џобс дека му останал должен три милиони евра за дизајнот, од вкупната бројка од девет милиони евра, колку што чинеле услугите на Старк.
Поради оваа расправија беше откриен и хонорарот на Старк, кој дотогаш го криеше. Џобс бил свесен дека нема жив да ја дочека изградбата на јахтата, но како и да е, ја продолжил нејзината изградба.

Јахтата беше завршена една година по неговата смрт и не може да се изнајмува. Инаку, изнајмувањето јахти е вообичаена работа кај богатите луѓе, кои редовно ги изнајмуваат кога не ги употребуваат. Но, како што најчесто станува збор за луксузни јахти, главно нив ги изнајмуваат славните личности.

Лорен Пауел Џобс својот живот и кариера ги посветила залагајќи се за образованието на младите, помош за имигрантите и социјалната правда за заштита на околината. Таа особено е заинтересирана за децата што од финансиски причини не можат да си дозволат факултетски студии.

Чувствителна е околу својот приватен живот и строго го чува од јавноста и медиумите, што може да се забележи за време на нејзиниот престој во Хрватска каде што упорно ги избегнува фоторепортерите.

ГЛОСА Јахтата беше завршена една година по неговата смрт и не може да се изнајмува. Инаку, изнајмувањето јахти е вообичаена работа кај богатите луѓе, кои редовно ги изнајмуваат кога не ги употребуваат. Но, како што најчесто станува збор за луксузни јахти, главно нив ги изнајмуваат славните личности.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1