Вечерва нови врнежи од снег


Kон крајот на денот е можен локален дожд кој преку ноќта ќе преминува во снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.sneg

Утре на повеќето места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег проследени со засилен северен ветер и нагло опаѓање на температурата. Ќе се формира и нова снежна покривка, особено во западните планински предели со висина од околу 20-ина сантиметри. Преку денот, односно во вечерните часови ветерот ќе се засилува и наместа ќе достигнува до околу 60 километри на час.

Во наредните денови се очекува претежно стабилно и суво време со пораст на температурата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1