Вечерва тешка сообраќајка пред Охрид – сообраќајот комплетно затворен во двата правци (ФОТО)


Tешка сообраќајна несреќа вечерва се случила на патниот правец Охрид-Струга во близина на црквата Св.Еразмо. Во сообраќајната незгода едно патничко возило марка “Југо” е излетано од патот, а во незгодата учевствувало и уште едно патничко возило марка “Мерцедес”, како и други возила во директен судир, објави Охрид1.soobrakajka21-670x377

Интервенирано е веднаш од страна на Брзата помош и пожарната а екипи од СВР се на терен при што патниот правец е блокиран во двата правци.

Во меѓувреме, на повозрасен човек од возилата кои чекаат во колоната му се слоши, при што ниедно од возилата од Брзата помош не сакаше да пружи помош на човекот, да го прими во возилото, бидејќи се зафатени со повредените од сообраќајната несреќа, известува Охрид 1 кој е на местото на незгодата.

Сообраќајот е се уште затворен во двата правци

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1