Велешанка измамила тројца – им зела по 500 евра за лажно вработување во „Ван Хол“


Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против лицето А.М. (34) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „измама“.

Во мај 2016 година три лица од Велес оствариле контакт со пријавената А.М. со цел да се информираат за вработување во фабриката за автобуси „Ван Хол“, за што од страна на пријавената им биле прикажани лажни факти дека ќе им обезбеди вработување во наведената фирма.mito_1365454339_670x0_1386694364_670x0

За наводната услуга пријавената на лицата им побарала паричен надомест од 500 евра по лице.

Од страна на трите лица на пријавената лично и била исплатена побараната сума на пари, но, до денот на пријавувањето на крвичното дело во СВР Велес, измамените лица не се повикани на разговор или вработени во фабриката за автобуси „Ван Хол“, како што било договорено, ниту пак, им се вратени паричните средства.

Против пријавената А.М. претходно не се поднесувани кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1