Велија Рамковски денеска излезе од затвор.


Поранешниот сопственик на А1 телевизија Велија Рамковски денеска излезе на слобода, по речиси седум години поминати во затвор. Неофицијално, тој добил привремен отпуст за лекување, поради што денеска бил ослободен.

Првата средба со семејството по долго време, на својот профил на Фејсбук ја објави неговата ќерка Лејла.

Рамкоски беше осуден на 13 години затвор.

Излегувањето од затвор поради здравствени проблеми не значи и конечна слобода за Рамковски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1