ВИДЕО Авион кој превезувал 140 патници изгоре на писта


Боинг 737 на авиокомпанијата Peruvian Airlines кој полета од Лима, се запали при принудно слетување на аеродромот во градот Хауха, пренесе во средата RPP. Сите 140 патници и членови на екипажот на авионот веднаш се евакуирани.Screenshot_70

Поради пожарот кој настанал на авионот најмалку 29 лица меѓу кои и дете се повредени. Canal N информира дека сите настрадани се транспортирани во болница и според лекарите повредите не се опасни по живот.

На местото на инцидентот веднаш пристигнале противпожарни екипи. Според податоци на полицијата, причина за инцидентот најверојатно е проблем со шасијата на авионот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1