Видео: Баран за убиство украл авион, го смачкал возејќи се на пистата и се убил.


40 годишниот Brian Hedglin вработен во SkyWest Airlines вчера со пиштол минал крај обезбедувањето и скенерите на аеродромот во Јута, украл патнички авион и го возел низ пистата како да е играчка.

Удрил во неколку згради, смачкал автомобили и на крајот го насанкал крај пистата оштетен. Почекал да се приближат возилата на обезбедувањето и си пукал во глава во пилотската кабина.

Она што зачудува и што ја дигна на нозе америка и повторно го актуелизираше прашањето за аеродромската безбедност, е фактот што Брајан бил и баран за убиство. По него имало распишана потерница за убиството на 39 годишната Christina Cornejo само неколку дена претходно на 13 јули.

Се поставува прашањето како успеал да мине крај обезбедувањето. Според полицијата можно е Брајан и да ја прескокнал оградата бидејќи биле најдени ракавици и ќебе во близина на бодликавата ограда – но и тоа е дополнителен проблем за аеродромското обезбедување бидејќи тоа значи дека аеродромот не е добро изолиран и безбеден со овие огради.

Авионот кој го украл Брајан е CRJ200, патнички авион за 50 патници кој за среча бил празен кога Брајан го запалил и го развозел низ пистата.

Аеродромот во Јута е затворен, сите летови се пренасочени на Cedar City

video platformvideo managementvideo solutionsvideo player

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1