ВИДЕО: Човекот кој исчезна пред 2 дена пронајден жив во бунар на -20


Јездимир Милиќ од село Смољинац кој исчезнал во петокот на Бадник, пронајден е вчера околу 13 часот во бунар на периферијата на селото.policija-zima-srbija

Неговиот сосед Горан Марковиќ, го пронашол Јездимир промрзнат во бунар на периферијата на селото. Јездимир поминал околу два часа во бунар длабок 5 метри, на температура од -20 степени Целзиусови без храна и вода.

Јездимир Милиќ излегол од семејната куќа околу 10 часот во петокот на 6. јануари со намера да оди до продавница за да купи намирници за Божиќ. Меѓутоа Јездимир не се вратил до доцните часови.bunar-nestanak-malo-crnice-foto-printscreen-youtube-1483979465-1076129

Неговото исчезнување е пријавено следниот ден во сабота на 7 јануари. По пријавата за исчезнувањето, полицијата започна потрага, но тој ден не е пронајден.

Во неделата на 8 јануари полицијата ја продолжи истрагата и изврши обиколк на сите патуишта и улици и викендички во населбата Смољинац.

Околу 13 часот соседот на Језимир, Горан Марковиќ дошол до бунарот покрај кој стоела торбата со продукти и од кој се слушале лелеците на Јездимир кој барал помош. Марковиќ веднаш отишол до ветеринарната станица и со ветеринарот повикал полиција. Со полицијата која во најкраток можен рок пристигнала до центарот на селото заминал кон бунарот во кој се наоѓал Јездимир кој се жалел на болки во стомакот. Набрзо пристигнале и пожарникарите кои го извлекле несреќниот човек од бунарот.bunar-nestanak-malo-crnice-foto-printscreen-youtube-1483979465-1076127

Јездимир итно е префрлен во болницата во Пожаревац каде му е дијагностицирано хипотермија.

Според Марковиќ, Јездимир имал слаб вид и не бил скаран со никој од селаните, па не се сомнева дека е турнат во бунарот, туку дека сам паднал поради тоа што не гледал добро.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1