Видео: Нов модерен спорт! Светско првенство во фрлање на мобилен телефон?!


Ова првенство датира уште од 2000 година, а како што тврдат организаторите, станува збор за модерен спорт кој ја комбинира филозофијата на рекреација и модерен дух.

На светското првенство во фрлање на мобилен телефон победата ја понесе Финецот Ере Карјалаинен (18) кој својата стара Нокиа ја фрли дури 101,46 метри во далечина. Победникот изјавил дека опивањето ден пред натпреварот му помогнало во освојувањето на титулата.

Инаку, покрај делот во кој натпреварувачите ги мерат своите сили во фрлање на мобилен, постојат уште две други категории, една во која се оценува естетиката и креативноста, како и јуниорска категорија односно категорија која е наменета за деца до 12 години.

Организаторите тврдат дека фрлањето на мобилен телефон е модерен фински спорт. Популарноста на спортот постојано расте уште од одржувањето на првото првенство во Савонлини во 2000 година.

 

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1