ВИДЕО: Очајно бегство на заложниците – Виселе од 2 кат и скокале


Даниел Псени, чив стан има поглед на Батаклан снимил стравични сцени како луѓето висат од прозор обидувајќи се да побегнат.

Псени кој бил ранет во раката додека додека на преплашените луѓе им ја отварал врата од својата зграда како би им помогнал, го раскажал целото случување за францускиот El Monde.692555_napad-pariz-1_ff

– Бев во својот стан кога слушнав експолозија која звучеше како пиротехника во соседството. Прво бев убеден дека вревата доаѓа од акционен филм кој во тој момент се емитуваше на телевизија. Меѓтутоа, ми беше чудно и отидов до прозорот да видам што се случува. Живеам на вториот спрат и директно се гледа излезот од Батаклан.
Видов како луѓето бегаат од театарот, мртви луѓе лежеа на излезот, имаше и крв, а една жена висеше од прозорот на вториот кат.

Отидов да им ја отворам вратата од мојата зграда да можат да влезат. еден човек лежеше на тротоарот, додека друг исто така беше ранет. Се обидував да им помогнам и во тој момент ме погоди куршум. Не се сеќавам многу на тоа. Имав чуство дека петарда ми пукнала во рака. Мислам дека убиецот беше на прозорот од Батаклан.

Брзата помош неможеше да дојде до нас, па го повикав својот пријател доктор кој ми објаснуваше како да им помогнам. Бевме заглавени во станот додека полицијата не дојде – раскажа Псени.

Предупредување – на видеото се гледаат мртви луѓе како лежат на улица!


Images de la fusillade au Bataclan by lemondefr

Во нападот на концертната сала настрадаа најмногу луѓе, околу 100 мртви и многу повредени. Во времето на нападот во салата имало концерт на американска хевиметал група.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1