Видео од хеликоптерската несреќа


Видео од хеликоптерската несреќа

Хеликоптерот не беше осветлен и леташе премногу ниско. Ја изгуби контролата и се сруши, тврди Лазо Котуровиќ, очевидец на настанот за Фокус.

heli5Хеликоптерот неколку минути неконтролирано кружеше над антената. Изгледаше како да има некаков проблем. Од мојот балкон убаво се гледаше. Дури потоа дојде до ударот во антената и падот на хеликоптерот.

Ова е изјавата на Александар Манев, еден од  очевидците на оваа голема несреќа. Дадена за репортерот на порталот StrumicaNet

Фото: 4 загинати во срушениот хеликоптер, потврди градоначалникот на Струмица, Заев

Се сруши полициски хеликоптер во Струмица, четворица загинати

Хеликоптерот закачил антена – Заев потврди дека се извлечени 4 тела

Фото од местото на несреќата – Очевидец тврди Хеликоптерот имаше проблеми пред да падне

-Во градот се слушна силен татнеж, а кон небото се издигна чад. Нашиот дописник Ристо Тасев се наоѓа на местото на настанот од каде јавува дека најверојатно станува збор за хеликоптер на МВР и за четири загинати лица. Според очевидци, хеликоптерот доаѓал од правецот на Ново Село кон Струмица. На периферијата од градот леталото најверојатно удрило врз висок предавател по што се урнало. Остатоци од хеликоптерот се расфрлан во дијаметар од над 50 метри. Опашот од леталото е цел, но кабината е целосно уништена и изгорена. Огнот е угаснат, на местото на несреќата се наоѓаат бројни полициски, пожарникарски и медицински екипи. Увидот е во тек, јавува Телма.

Видео од местото ни испратија читатели на Mknews.mk објавени од очевидци, а видео објави и порталот  Струмица Нет 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1