Видео: Орангутанот Тори на одвикнување од цигари


Чуварите на една зоолошка градина во индонезија го преместиле Тори, женски орангутан, во друг кафез во кој нема да може секојдневно да биде во допир со посетителите кои упорно и даваат цигари.

Даниек Хендарто, портпаролот на зоолошката градина „Тару Јуруг“ изјавил за новинарите дека Тори и нејзиниот партнер Дидик ќе бидат преместени на мало, изолирано островче надвор од зоолошката градина.

Петнаесетгодишната Тори, консумира цигари цела деценија. Посетителите се воодушевени од ваквата појава и непрекинато доаѓаат во зоолошката за да ја фотографираат нејзината човечка навика и мимика во моментот кога ја држи цигарата меѓу прсти и „дамско“ тресење на пепелот.

Хендарто рекол дека лекарските наоди покажале дека Тори сепак не го нарушила сериозно своето здравје, но и дека здравјето и на останатите четири орангутани е во најдобра кондиција.

Вработените планираат уште еден пар орангутани да преместат на островот, со цел да им прават друштво на Тори и Дидик.

 

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1