Видео: Осумдесет годишна „супер бабичка“ изрешетила крадец со манго


Разбојникот бесен што го нападнала, силно ја удрил со дршката од пуштолот по глава, но неверојатната супер бабичка не се поколебала, напротив тргнала да се пресмета со нив.

Отилија Мартинс (80), баба на сопственикот на продавницата во Њу Бретфорд, не чекала ни момент да го одбрани зетот од крадец кога видела дека тој се обидел да му ги одземат парите.

Бестрашната баба грабнала манго и почнала да фрла по крадецот кој ставал во џеб се што затекнал во касата.

Збунетиот разбојник веднаш се дал во бегство, а за да и се освети на храбрата госпоѓа што го спречила во намерата, при излегувањето од продавницата ја удрил со пиштолот во глава.

И покрај болките од повредата бабата јунак продолжила да трча по него, но сепак битката тука престанала бидејќи крадецот бил побрз.

За среќа полицијата многу брзо реагирала и за само 15 минути го фатила Џес Дос Сантос (32) кој од касата успеал да одземе 500 долари.

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1